Хрватска заработи богатство: Еве колку „коцкестите“ ќе добијат за влезот во четвртфиналето на СП

Хрватската фудбалка репрезентација на СП 2022/фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Хрватската фудбалска репрезентација ја совлада Јапонија по изведувањето пенали каде брилјираше Доминик Ливаковиќ, голманот на Динамо Загреб кој одбрани дури три удари од белата точка.

Последниот удар го реализира Марио Пашалиќ и со тоа Хрватска ја вброи меѓу осумте најдобри светски репрезентации на Мундијалот во Катар.

Заедно со добрите резултати, Хрватите ги чека и добра заработка, а тамошната фудбалска федерација ќе ја наполни касата по ова Светско првенство. Федерацијата веќе заработи одлични пари само со заминувањето во Катар. Пласманот во осминафиналето им донесе добивка од 12,5 милиони евра.

Хрватска веќе заработи 8,7 милиони евра само за пласманот на СП 2022, како и сите други репрезентации кои се на турнирот во Катар. Со пласманот во четвртфиналето добија парична награда од 16,5 милиони евра.

Потсетување дека светскиот шампион годинава ќе инкасира 40 милиони евра, второпласираниот 30 милиони, третопласираниот 26, а за четвртопласираниот 24 милиони евра.

Златко Далиќ им одговори на Јапонците: Никогаш не ги потценувајте Хрватите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот