Хрватска втор ден по ред со црн рекорд: Во последните 24 часа починаа дури 23 лица, нови 2.378 заболени

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватска денеска бележи нов рекорден број на починати од ковид – дури 23. Тамошните власти регистраа и 2.378 новозаболени со вирусот во изминатото деноноќие со кои бројот на активни случаи во земјата изнесува 12.736. Во ковид центрите се сместени 932 пациента од кои 68 се приклучени на респиратор.

Од 25 февруари и првото позитивно лице на ковид-19, во Хрватска до денеска се забележани вкупно 40.999 случаи. Од нив починаа 493 лица додека оздравеа 27.770.

Во самоизолација, во земјата во која досега се направени 466.315 тестови, моментно се наоѓаат 14.924 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот