Хрватска во служба враќа 2.000 пензионирани полицајци

Хрватска полиција
Хрватска полиција/ Фото: ЕПА

Хрватска првпат по војната ќе врати во служба 2.000 пензионирани полицајци поради мигрантите и потребата од зголемен надзор на државната граница.

Иницијативата ја покрена Министерството за внатрешни работи пред се поради повеќегодишната мигрантска криза и потребата од зајакнат надзор на државните граници, пишува загрепскиот весник „Јутарњи лист”.

Иако станува збор за полицајци во пензија, се наведува дека тие и понатаму се во одлична психофизичка форма, стои во владината уредба која е ставена на јавна расправа.

Според тој предлог, хрватското МВР има право да го зголеми бројно полицискиот состав за 10 отсто, а бидејќи моментно има 18.291, тоа значи дека можат да се вработат уште 1.829 припадници на резервните полициски сили.

Во владината уредба, меѓу другото, е наведено и дека Хрватска во првата половина на следната година ќе претседава со Советот на Европа, поради што, исто така, ќе биде потребно ангажирање на поголем број полициски сили поради обезбедување и заштита на лица и објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот