Хрватска во шок: Докторката од тимот што го прими првиот пациент со ковид-19 во клиниката се самоуби

epa08246990 Exterior view on the hospital and clinic for infections 'Fran Mihaljevic' in Zagreb, Croatia, 25 February 2020. Croatian authorities confirmed on 25 February a first patient with milder symptoms of coronavirus. The patient is younger person and now he is in isolation with temporary good condition at quarantine in hospital. The patient came from Milan, Italy. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Докторката од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Хрватска, кој беше во тимот што го прими првиот пациент заразен со ковид-19 во таа болница, изврши самоубиство.

„Ова е неизбежно резултат на големиот притисок на кој сме изложени сите, сите здравствени работници, не само лекарите, туку и медицинските сестри и другиот помошен персонал“, коментира Леонардо Бресан, претседател на Хрватската организација за семејна медицина од округот Приморје-Горски Котар.

Докторката која си го одзеде животот во ноќта помеѓу неделата и понеделникот имаше 41 година.

Веста за смртта на почитуваната докторка го шокираше, но не ги изненади нејзините колеги здравствени работници, бидејќи, како што велат, тие работат под голем притисок подолго време. Колегите велат дека таа била извонредна докторка и експертка.

И Поранешната премиерка на Хрватска, Јадранка Косор јавно го сподели своето сочувство.

„Најстрашната од најстрашните вести. Докторката, која веќе не можеше да го поднесе товарот на смртта од Ковид 19, дигна рака на себе. Моментот кога човекот ќе остане без зборови“ напиша таа на Твитер.

„ Кога работите во абнормални услови, кога работното време се претвора во целосен живот, односно професијата ја презема контролата над вашиот живот, требаше да се очекува дека ќе има зголемување на овој синдром на исцрпеност при работа и дека се повеќе и повеќе здравствени работници, вклучително и лекари, ќе пукнат на работа и дека овој стрес и многу од тој психофизички напор нема да можат да се процесираат на нормален начин“ рече претседателката на Хрватското здружение на болнички лекари Ивана Шмит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот