Хрватска: Во меѓународна акција уапсени околу 40 дилери кои шверцувале огромни количества на дрога

Хрватска полиција/ Фото: Профимедиа

Тие на подрачјето на Хрватска, Словенија, Австрија и други држави на ЕУ и Јужна Америка координирано и заеднички шверцувале наркотици за да остварат големи заработки. Станува збор за повеќе врсти на дрога, и тоа кокаин, хероин, амфетамин, МДМА (екстази), марихуана, хашиш, метамфетами (кристал мет).

Околу 40 лица, најмногу од нив државјани на Хрватска и Словенија, се уапсени за време на вчерашниот ден во неколку различни земји, во рамки на голема полициска акција, поради сомнение дека се бавеле со организирано криумчарење и продажба на големи количества на кокаин, хероин, амфетамин и марихуана.

Како што соопшти хрватското МВР, Службата за сузбивање на корупција и организиран криминал на Риека, Националната полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал во соработка со полициски службеници од Словенија, спровеле меѓународна изграда за хрватски државјани (33, 39, 41, 36, 42 и 62 години), но и еден 39-годишен Србин, поради сомнение дека извршиле кривично дело неовластено производство и продажба на дрога во рамки на злосторничко здружување.

Со истрагата е утврдено дека државјанин на Словенија во периодот од почетокот на 2018 до 2020 година организирал и водел криминална група чии припадници биле наведените особи, како и најмалку шест словенечки државјани и други, засега непознати луѓе.

Тие на подрачјето на Хрватска, Словенија, Австрија и други држави на ЕУ и Јужна Америка координирано и заеднички шверцувале наркотици за да остварат големи заработки. Станува збор за повеќе врсти на дрога, и тоа кокаин, хероин, амфетамин, МДМА (екстази), марихуана, хашиш, метамфетами (кристал мет).

Поради тоа се поврзале со луѓе во Јужна Америка и заеднички криумчареле наркотици оттаму во Европа.

Во Словенија го организирале и надгледувале производството, воспоставиле повеќе складишта за складирање на дрогата, а за работно обезбедување ангажирале луѓе од Љубљана. Од ваквите складишта дрогата понатаму е дистрибуирана во Хрватска, Словенија и други земји.

За транспорт користеле специјално изработени бункери во камиони, со кој дрогата се пренесувала до посакуваната дестинација, а со кои управувале лица специјално ангажирани за оваа работа.

За време на истрагата се запленети вкупно 549 грама кокаин, 6.256 парчиња МДМА, 4.365 грама амфетамин, 52,84 грама хероин, 12.300 грама марихуана, околу 190.000,00 куни (околу 25.500 евра), 12.000,00 евра и 320 швајцарски франци.

На подрачјето на Словенија за време на 2018 и 2019 година запленети се запленети 23.000 грама амфетамин, 3.650 грама хероин, 1.700 грама кокаин, 4.500 парчиња МДМА, во Германија пари во износ од 87.350,00 евра, а сите наведени основано се поврзуваат во врска со ова криминално здружение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот