Хрватска: Успешниот прв круг на претседателските избори за Милановиќ ги приближи СДП до владеачката ХДЗ

Фото: EPA-EFE/DANIEL KASAP

Претседателските избори во Хрватска на многу партии им помогнаа да си го поправат рејтингот, а на некои и да си го урнат, покажува редовното месечно истражување на Кробарометар, што го објавува ТВ Нова, а го спроведува агенцијата ИПСОС.

Очиглендо на крилата на успехот на својот претседателски кандидат, Зоран Милановиќ, СДП го поправи својот рејтинг во однос на ХДЗ, пренесе порталот Инекс.хр.

ХДЗ и натаму е прва партија во земјата, но е во пад со поддршката на крајот од годината, со моментален рејтинг од 25,2 отсто. СДП благо ја поправи својата поддршка и сега е на ниво од 21, 5 отсто. И падот на ХДЗ и растот на СДП и натаму се рамките на стратешката маргина на грешка, но важни тука се трендовите кои покажуваат дека ХДЗ, на пример, пред една година во однос на СДП имаше преднос од 14 индексни поени.

СДП по европските избори се „разбуди”, но ХДЗ не почна да паѓа се до декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот