Хрватска: Уапсени шефови на неделник и портал, уценувале познат лекар

Имено, тие му „нуделе“ повлекување на планирана серија на текстови за него, чии содржини за Габриќ наводно биле компромитирачки, ако на адекватен начин им ги надокнади „трошоците“.

Поради сомнение дека извршиле кривично дело обид за изнуда, загрепската полиција вчера го привела главниот уредник на неделникот „7Dnevno“ и порталот „dnevno.hr“ Марко Цигој, и неговиот заменик Вук Радиќ и директорката Марија Деканиќ, јавува порталот „Јутарњи“.

Неофицијално се дознава дека во изминатите неколку недели тие го ценувале офталмологот Никица Габриќ, основач и раководител на Специјалната болница за офталмологија „Светлост“ во Хрватска.

Имено, тие му „нуделе“ повлекување на планирана серија на текстови за него, чии содржини за Габриќ наводно биле компромитирачки, ако на адекватен начин им ги надокнади „трошоците“.

Не барале конкретен паричен износ, туку неговата клиника и заинтересираните партнери да платат огласи на одреден број на страници во неделникот „7Dnevno“.

Огласниот простор наводно би чинел околу 200 илјади куни (речиси 27 илјади евра).

Според неофицијални информации, Габриќ ги одбил, а серијата текстови во која го нарекуваат шеф на масонската ложа се објавени.

Вчера во седиштето на загрепската крим-полиција се приведени Марко Цигој, Марија Деканиќ и Вук Радиќ.

Се верува дека тројцата осомничени по завршувањето на испитувањето ќе бидат пуштени на слобода. Против нив веројатно ќе биде поднесена соодветна пријава и процесуирањето би требало да се случува по редовен пат.

Никица Габриќ во моментов е во Сарајево, а во разговор за „Јутарњи“ се осврна и на написите за масонската ложа.

– Можам да ви кажам дека не кријам што правам и каде припаѓам. Се работи за тоа дека ние сме во постапка за признавање од страна на француската ложа и дека некои наши членови, очигледно незадоволни со статусот и функциите кои не ги добиле, одлучија на овој начин да се побунат – вели Габриќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот