Хрватска: Уапсен сопственик на ноќен клуб поради ширење на ковид-19

Луѓе уживаат во сончевото време во локалните кафулиња / Загреб, 21 ноември 2020 / Хрватска / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во Загреб полицијата извршила рација во осум ноќни клубови и извршила контролира кај 165 лица, при што е уапсен 48-годишен сопственик на ноќен клуб под сомнение за ширење на инфекцијата на Ковид-19. Сопственикот на клубот е осомничен за кривично дело ширење и пренесување на заразна болест, соопшти полицијата.

Инспекторите за цивилна заштита утврдија непочитување на епидемиолошките мерки со прекорачување на работното време, неистакнување на упатствата за дозволен број на лица во објектот и пропишаното растојание помеѓу масите и столовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот