Хрватска тенисерка со пресврт до полуфинале на Вимблдон

Фото: EPA-EFE/TIM IRELAND

Хрватската тенисерка Дона Векиќ обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон откако со пресврт во три сета беше подобра од Лулу Сун со: 5-7, 6-4 и 6:0.

Првиот сет и припадна на тенисерката од Нов Зеланд која играше одлично посебно во финишот од сетот кога направи брејк за 1:0 во сетови.

Вториот сет донесе израмнета игра се до осмиот гем кога Векиќ со брејк поведе 5:3 и така го отвори патот кон израмнување. Во третиот сет дојде до неверојатен пат во играта на Сун и тој помина во целосна доминација на хрватската тенисерка која без загубен гем стигна до освојување на сетот и конечна победа.

За место во финалето Векиќ ќе игра против подобрата од мечот помеѓу Јасмин Паолини и Ема Наваро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот