Хрватска: Средните училишта и дел од основните се селат на онлајн настава

Фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak HUNGARY OUT

Средните училишта во сите жупании во Хрватска, како повисоките одделенија во основните училишта во четири жупании од денеска се селат на онлајн настава.

Меѓимурје, Вараждин, Загреб, Осијек-Барања, Вуковар-Срем и Пожега-Славонија веќе имаат часови според моделот Ц во средните училишта, а на нив ќе се приклучат и преостанатите жупании и градот Загреб, јавија хрватски медиуми.

Кога станува збор за основните училишта, учениците од петто до осмо одделение веќе следат настава преку интернет во Вараждинска жупанија, а сега нивните врсници во Истра, Меѓимурје и Приморје-Горски Котар исто така ќе следат настава од дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот