Хрватска со рекорден број заразени – 2.242 за еден ден

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во Хрватска, во последните 24 часа се потврдени 2.242 нови случаи на коронавирус, а 16 лица починаа, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Претходно, директорот на Наставниот завод за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар”, Звонимир Шостар изјави дека во последните 24 часа во Загреб биле евидентирани рекордни 798 новозаболени лица.

Во моментов има 9.745 активни случаи на коронавирус во Хрватска, од кои 731 пациент на болничко лекување и 52 пациенти на респиратор.

Вкупно 33.959 случаи на коронавирус се регистрираниво Хрватска, а 429 лица починале.

До денеска се тестирани вкупно 437.048 примероци, од кои 8.087 во последните 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот