Хрватска сака преговорите со Македонија и Албанија да бидат отворени за време на нејзиното претседателство со ЕУ

Хрватска го поддржува европскиот пат на Албанија и на Северна Македонија и сака самитот во Загреб да стане пресвртница во односите меѓу Унијата и Западен Балкан за време на нејзиното претседателство со Европската унија.

Ова го изјави хрватскиот министер за надворешни работи Горан Грлиќ Радман во Тирана.

Главната тема на нашите разговори е европскиот пат на Република Албанија, рече Радман Грлиќ во албанскиот главен град Тирана, по средбата со албанскиот колега Гент Цакај.

Денешната посета има за цел да ја покаже „поддршка на Хрватска за овој пат”, истакна тој, додавајќи дека Загреб е посветена на започнување преговори без одложување.

Хрватска сака преговорите со Албанија и Македонија да бидат отворени за време на нејзиното претседателство со ЕУ, а „важен придонес” на Хрватска за оваа цел ќе биде самитот на Советот на ЕУ и земјите од Западен Балкан во Загреб на 6-7 мај, нагласува министерот.

Самитот во мај ќе се одржи 20 години откако на загрепскиот беше отворена европска перспектива за Хрватска, потсети министерот Радман, кој сега очекува слична пресвртница за Тирана и за Скопје.

– Ние сакаме нашиот самит во Загреб да биде пресвртна точка во односите меѓу Европската унија и Западен Балкан – рече Грлиќ Радман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот