Хрватска сака да купи 12 борбени авиони до крај на 2020 година

Главниот аналитичар и специјален советник на хрватскиот премиер Роберт Копал изјави денеска дека крајната цел на хрватската Влада е да потпише договор за купување 12 борбени авиони од четвртата генерација до крајот на следната година, додавајќи дека се разгледуваат и половни авиони.

– Нашата цел е да имаме договор потпишан до крајот на следната година и да знаеме до средината на идната година за кои авиони станува збор. Според тактичко-техничката студија, на Хрватска и се потребни 12 авиони, а процесот на набавка и официјално ќе започне со испраќање понуди до земји чии авиони ги исполнуваат техничките услови на Хрватска, рече Копал.

Тој истакна дека еден од многуте параметри при изборот на авиони ќе биде датумот на нивно доставување.

Во почетокот на јануари, Израел го извести Министерството за одбрана дека не може да добие одобрение од САД за испорака на авионите Ф-16 Барак на Хрватска, официјално потврдувајќи дека купопродажбата на тие авиони не успеала.

Според локални медиуми, хрватското Министерство за одбрана е заинтересирано во новиот круг за F-16 C/D Block 50/52, шведскиот ЈАЅ-39 Gripen и францускиот Мираж 2000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот