Хрватска разгледува државно финансирање за скратеното работно време

Архива

Ваквата мерка во Германија се покажа како исклучително ефикасна во заштитата на пазарот на трудот за време на кризата во 2009 година.

Интензивни преговори меѓу Хрватското здружение на работодавачи и Владата за новата програма за помош на економијата и зачувување на работни места.

Ваквата мерка би стапила на сила откако ќе се искористат средства од постојниот пакет државни стимулации, а со цел компаниите да ја преживеат кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Според весникот „Јутарњи лист”, во тек се преговори за воведување државно финансирање за скратеното работно време, по примерот на германската програма за државен надомест за скратено работно време, Курцарбајт, која се покажа како исклучително ефикасна во заштитата на пазарот на трудот за време на кризата во 2009 година.

Детали за новите мерки на хрватската Влада би можеле да бидат познати уште оваа недела, се вели во написот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот