ХРВАТСКА ПРОТЕРУВА БОСАНЕЦ: Преку „Фејсбук“ го почитувал социјализмот на Тито, Кастро, Че Гевара

Хрватска протерува државјанин на Босна и Херцеговина, бидејќи го почитувал социјализмот на Тито, Фидел Кастро, Че Гевара, пренесува хрватски Индекс.

Државјанинот на БиХ кој побарал анонимност, со години живее во Хрватска. Бил оженет за покојна хрватска државјанка со статус на бранителка, а и самиот бил припадник на Хрватскиот совет за одбрана, а денес е во вонбрачна заедница со хрватска државјанка. Живее во Ријека, но Хрватска по мислењето на разузнавачите одлучила дека повеќе не може да живее во државата.

-Да, симпатични ми се Тито, Мао, Че, Кастро и тоа сум го напишал на Фејсбук. Поради тоа повеќе не смеам да живеам во Хрватска – вели Босанецот кој мора да си замине од Хрватска, иако таму работи и има семејство.

За Безбедносно-разузнавачката агенција на Хрватска, Босанецот претставува опасност за националната безбедност и јавниот поредок, бидејќи во своите јавни изјави одобрува насилни и вонинституционални облици на отпор и промена на политичко општственото уредување на Република Хрватска, и слави одредени историски личности кои со правосилни судски постапки се осудени на долготрајни затворски казни поради сторени кривични дела меѓународен тероризам од крајно лева позиција.

– Со оглед на опишаното, остануваме на процената дека ставовите на наведениот објавени во јавниот простор т.е. на друштвените мрежи можат да предизвикаат насилни реакции или нарушување на јавниот ред и мир“, се наведува во мислењето на Безбедносно-разузнавачката агенција со која се одбива продолжувањето на привремениот престој на државјанин на БиХ во Хрватска.

Безбедносно-разузнавачката агенција го одбила медиумот да даде изjaва во врска со овој случај. Оттаму само стасало известување дека „на странски државјанин може да му се продолжи привремениот престој во Република Хрватска доколку, покрај другите услови, не претставува опасност за јавниот поредок, националната безбедност или јазното здравје“.

Според Агенцијата, „величање на терористички организации и нивни припадници, без оглед на нивните идеолошки провиниенции, како и одобрување насилство претставуваат опасност за јавниот поредок и националната безбедност на Република Хрватска“.

Агенцијата не одговорила на прашањето кои имиња и организации се забранети за поддржување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот