Кучето Дон, извлечено од хварските пожарникари Фото: Фејсбук / DVD Hvar

Хрватска: Пожарникари спасиле загар паднат во јама длабока 20 метри

Група пожарникари од хрватскиот остров Хвар вчера извлекле ловечко куче кое паднало во јама длабока дваесетина метри, пишува „Индекс“.

Пожарникарите на социјалните мрежи пишуваат дека акцијата прво требало да ја изведе Горско-спасителната служба, но поради побрзиот пристап, била ангажирана противпожарната единица, која поседува опрема за извлекување од големи височини и длабочини.

Фото: Фејсбук / DVD Hvar

Песот по име Дон, чијшто стопан е локален ловџија, не бил сериозно повреден во падот, пишуваат хрватските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот