Хрватска постави ограда на границата со БиХ поради мигрантите

Подвижната бариера е поставена на територијата на Хрватска во местото Личко Петрово Село.

Хрватска денеска постави ограда во близина на граничниот премин Изачиќ заради зајакнување на границата поради мигрантската криза, потврди хрватското Министерство за внатрешни работи.

Подвижната бариера е поставена на територијата на Хрватска во местото Личко Петрово Село.

Од Министерството за внатрешни работи на Хрватска се повикуваат на шенгенскиот каталог на ЕУ за надзор на надворешната граница, враќање и повторно прифаќање, во кој е наведено „дека граничните премини и непосредното подрачје треба технички да се надгледуваат, а граничните контроли и надзор треба да бидат осветлени”.

-Граничните премини, како по правило, треба да бидат одвоени со ограда, а може да се направат исклучоци во случај на гранични премини за локален граничен сообраќај- наведува Министерството.

Оттаму најавуваат дека ќе бидат поставени уште огради, доколку се укаже потреба во согласност со анализата за ризик од мигрантската криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот