-7 C
Скопје

Хрватска: Помалку бучава во кафулињата за луѓето да разговараат безбедно на дистанца

Националниот штаб за заштита оваа недела ќе побара нови мерки против ширењето на коронавирусот во Хрватска, вклучително и контроверзен предлог со кој треба да се намали музиката во кафулињата и баровите.

Шефот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, се обиде да ја објасни оваа мерка во интервју за ТВ Нова.

– „Кога бучавата е голема, природно е човекот што сака да разговара со некого да му пријде поблиску на соговорникот за да го слушне подобро. Тој не може да остане на растојание. Покрај тоа, обемот на говорот е засилен. Кога викате, се зголемува и аеросолта, која патува побрзо и инфекцијата се шири полесно. Логично е да се намали бучавата во кафулињата и ноќните клубови за луѓето да можат да комуницираат. Бучавата треба да остане, но не мора да биде премногу гласна, за луѓето да можат да комуницираат, рече Чапак.

Тој посочи дека веќе е пишувано за поврзаноста помеѓу ширењето на коронавирусот и нивото на бучава. – Не знам дали некој забележал, но работата е логична. Ако има повеќе бучава, луѓето се приближуваат и зборуваат погласно, рече Чапак. 

Прочитајте и...  Случај „Титаник“: Судски сведок изгубил меморија откако се разболел од коронавирус

Поврзани вести

Почина хрватскиот новинар и автор Лазо Голужа

Слободен печат

Си-Ен-Ен: Документите покажуваат – Кина покажувала помал број на заразени отколку што навистина имала

Слободен печат

Претседателот Стево Пендаровски со годишно обраќање во Собранието на 16 декември

Слободен печат

ВИДЕО | Земон: Со евентуалното вето Бугарија гради кинески ѕид помеѓу двете земји

Слободен печат

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири хистерија на штета на државата и на граѓаните

Слободен печат

Нова студија: Ковид-19 може да остави последици што можат да се откријат и после неколку месеци

Слободен печат

Остави Коментар