Хрватска почна со вакцинација, турканици и редици во Загреб

Во Загреб денес почна вакцинацијата против ковид-19 пред спортската сала на училиштето на пожарникарство, заштита и спасување. Се создаде огромен ред и луѓето што сакаат да се вакцинираат се жалат дека организацијата не  е добра, јавија хрватските медиуми.

Граѓаните прво ќе ги вакцинираат со вакцината на Фајзер, а кога ќе се потроши со вакцината на АстраЗенека.

Редиците за вакцинација настанале и поради тоа што некои дошле многу порано отколку што им било кажано да дојдат, а некои дошле многу подоцна од закажаното.

Загребчани се жалат дека ќе мора да чекаат со часови за да се вакцинираат и дека вакцинацијата здравствените власти требало да ја споведат во здравствените домови. Дел негодуваат и дека за нив нема да има од вакцината на Фајзер, па ќе мора да се вакцинираат со онаа од АстраЗенека.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот