Хрватска останува на словенечката листа на епидемиолошки небезбедни дестинации

Фото: EPA PHOTO EPA/TOM DUBRAVEC

Портпаролот на словенечката Влада, Јелко Кацин денеска изјави дека Хрватска, и покрај забележливиот тренд на одредено намалување на бројот на нови инфекции, сепак, не ги исполнува условите за отстранување од словенечката листа на епидемиолошки небезбедни дестинации.

– Инциденцата на нови инфекции е сè уште висока и над 40 пациенти на 100.000 жители во последните 14 дена, рече Кацин на прес-конференција.

Кацин пртеходно објави дека словенечката Влада може да ги смени критериумите за дефинирање на епидемиолошки безбедни дестинации, во зависност од тоа како заеднички ќе одлучуваат членките на ЕУ, во обид да ги усогласат критериумите, така што преминот на внатрешните граници во ЕУ да биде усогласен и единствен во време на вториот бран на епидемијата.

Според него, таа тема на ниво на ЕУ сè уште не е затворена, иако Словенија е во принцип посветена на усогласување на критериумите, така што прашањето за критериумите за утврдување на епидемиолошката безбедност останува во доменот на националните влади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот