Хрватска: Осомничени за групно силување на малолетничка пуштени на слобода

Сексуално злоупотребување илустрација/ Фото Top Channel

Пет момчиња од вкупно седум обвинети за групно силување на малолетничка во Далмација, денеска биле пуштени од истражниот затвор, јавуваат хрватските медиуми.

Решенијата биле потпишани, сите сведоци сослушани, а биле поднесени и барања за укинување на мерката затвор.

Адвокатката на жртвата, Сања Безбрадица Јелавиќ, за тамошните медиуми изјавила дека осомничените морале да останат во затвор.

– Пред да бидат пуштени на слобода, до Жупанското државно обвинителство упатив барање од оштетената со сите сериозни причини кои упатуваат на тоа дека осомничените и натаму треба да останат во истражниот затвор – рекла Јелавиќ.

Ист така, неофицијално се дознава дека поднела приговор и побарала случајот да се префрли од задарскиот во судот во Загреб, меѓутоа, но Јелавиќ за јавноста не сакала ниту да ја потврди, ниту пак да ја демантира оваа вест.

Пред две недели била испитана и самата жртва во случајот. Испитувањето траело речиси цел ден. Со паузи, девојката преку видео-линк биле испитувана од девет наутро до 16.00 часот.

За потсетување, случајот за повеќекратно групно силување на малолетничка од Далмација за кој се осомничени седум мажи ја згрози цела Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот