Хрватска одбележува 26 години од операцијата „Олуја“

Фото: EPA-EFE/MIRO LELAS

 Хрватска денеска во Книн одбележува 26 години од воено-полициска операција „Олуја“, која ја прославуваат како Ден на победата и татковинска благодарност, како и Ден на хрватските бранители, објави Индекс. 

„Хрватска секогаш достоинствено ќе ја прославува Олуја“ изјави Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ од Книн.

„На сите од срце ви го честитам Денот на победата и татковинската благодарност како и Денот на бранителите. Секогаш е посебно чувството кога ќе го посетам Книн на овој ден бидејќи тоа е прилика да се потсетиме на деновите на гордоста и победата, но и на постојаната благодарност до сите кои го дадоа својот живот за Хрватска да биде слободна. Успеавме да воспоставиме респектабилна воена сила која ги победи криминалните политики на режимот на Милошевиќ, ставајќи крај на војната и воспоставувајќи мир. “ додаде тој.

Во воено-полициската акција „Олуја“ која започнала на 4-ти август 1995-та година со нападот на тогашната Република Српска Краина, загинаа речиси 2000 Срби, а скоро 220 илјади беа протерани.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот