Хрватска не ги откажала туристичките резервации за август и септември

– Ја следиме ситуацијата, разговараме со колегите од пазарот, вчера разговаравме со словенечкиот министер и во мај ќе преговараме за деталите за ублажување на мерките, изјави Капели.

Додека ЕУ бара заеднички протокол за патување на ниво на Европската унија, хрватскиот министер за туризам, Гари Капели соопшти дека земјата не ги откажала туристичките резервации претходно закажани за август и септември…

Според неговата изјава не се откажани ни резервациите за месец јули, кој според него, е „исто така солиден” во овој поглед, а за јуни , резервации има, но со оглед на ситуацијата, ќе биде малку потешко да се реализираат.

– Ја следиме ситуацијата, разговараме со колегите од пазарот, вчера разговаравме со словенечкиот министер и во мај ќе преговараме за деталите за ублажување на мерките. Наредните седмици треба да се сретнат епидемиолошките служби на двете држави, најави Капели.

За вчерашната препорака на германската Влада на своите граѓани да не патуваат надвор од земјата до средината на јуни, Капели рече дека таквите препораки сега се логични.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот