Хрватска најде решение за работа на куфулињата: Ќе им овозможи на угостителите да ги прошират терасите и градините

Всушност, таму на кафулиња, ресторани и баровите им ги оставија на располагање улиците за да ги прошират своите тераси, пишува Јутарњи.хр.

Градските власти во Бјеловар и Пула беа првите во Хрватска кои овозможија помош на угостителите по примерот од литванската престолнина Вилнус.

Всушност, таму на кафулиња, ресторани и баровите им ги оставија на располагање улиците за да ги прошират своите тераси, пишува Јутарњи.хр.

-Не измислив топла вода и нема да ја измислувам. Каде и да видиме добри и иновативни идеи, ќе ги примениме, вели градоначалникот на Бјеловар, Дарио Хребак.

Хрватската влада донесе одлука да ги отвори кафулињата, рестораните и баровите на 11 мај, но исклучиво на терасите и со придржување на мерките за заштита, меѓу другото, задолжително растојание од два метри помеѓу масите и ограничен број од двајца гости на масата.

Литванската влада дозволи работење на кафулиња и ресторани од 27 април, со одлука на градската власт на Вилнус да го ослободи буквално целиот стар градски центар за тераси на кафулињата, баровите и рестораните.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот