Хрватска: Над 1.000 новозаразени со ковид-19, починаа 38 лица

Хрватска ковид-19 коронавирус
Луѓе со заштитни маски во Загреб, Хрватска / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во последните 24 часа евидентирани се 1.098 нови позитивни случаи на ковид-19 во Хрватска, а починаа 38 лица, пренесуваат тамошните медиуми. 

Со ова,  бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 5.794 пациенти. Меѓу нив на болничко лекување се 2.251 пациент, од кои 194 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно 217.946 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои 4.304 починаа, вкупно 207.848 лица закрепнаа, од кои 1.538 во последните 24 часа.

Во моментов 18.277 лица во Хрватска се во самоизолација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот