Хрватска „мириса“ полуфинале, рутински и против Австрија (ВИДЕО)

фото: ehf-euro/Jure Erzen / kolektiffimages

„Коцкастите“ во наредниот меч против Германија за два дена би можеле да го завршат најголемиот дел од работата во борбата за ново евро полуфинале

Хрватска знае само за победи на Европското ракометно првенство 2020, денеска во Виена славеше и против еден од организаторите на турнирот, Австрија, со резултат 27:23.

Најефикасен во составот на Лино Червар беше Златко Хорват со шест погодоци, по пет имаат Домагој Дувњак и Лука Циндриќ. На спротивната страна шестпати во листата на стрелците се запиша Роберт Вебер, а четири запиша Гералд Зејнер.

„Коцкастите“ во наредниот меч против Германија за два дена би можеле да го завршат најголемиот дел од работата во борбата за ново евро полуфинале. Претходно четврти триумф по ред на шампионатот имаше и шпанската селекција совладувајќи ја селекцијата на Чешка (31:25).

Денешната програма од првото коло во групата 1 ќе биде завршена со дуелот помеѓу репрезентациите на Германија и Белорусија кој што започнува од 20.30 часот.

Моментно на табелата водат Шпанците и Хрватите со по четири бодови, следува Австрија (два), без бодови се Германија, Белорусија и Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот