Хрватска: Конститутивната седница на Саборот со инцидент, вербален напад врз пратеничка

Пратеничката на новиот хрватски Парламент, Катарина Пеовиќ од Работнички фронт, тврди дека денеска во Саборот дошло до инцидент, кога била вербално ја нападната од пратеник на ХДЗ.

„-За време на паузата во парламентот бев вербално нападната од пратеникот на ХДЗ, Винко Зулим, кој врескаше лудо дека моите предци колеле луѓе. Се обидовме да го замоламе да не остави на мира, но дури и тоа не помогна, се додека неговите луѓе не го повлекоа од кафетеријата”, напиша Пеовиќ на својот профил на Твитер.

Зулум, исто така, е градоначалник со најдолг стаж во далматинската општина Сегет. Со неговото име во минатато се поврзуваа бројни скандали, а некои од нив беа за проневера и злоупотреба на општински пари за приватни цели, потсетува весникот „Јутарњи лист” од Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот