Хрватска ќе добие 700 милион евра помош од ЕК

Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска соопшти дека Хрватска најверојатно ќе добие 700 милиони евра од проектот „НекстГенерејшнЕУ” (NextGenerationEU).

– Добри вести за Хрватска. Според нас, Хрватска е подготвена да ја добие првата исплата од „НекстГенерејшнЕУ”. Откако земјите-членки дадат зелено светло, Хрватска ќе добие 700 милиони евра. Хрватска може да смета на поддршката на Европската комисија во спроведувањето на нејзиниот план за закрепнување, напиша Лајен на Твитер.

Таа додаде дека Хрватска презела важни чекори за зајакнување на пазарот на труд и социјалната заштита и дека усвоила национална програма за енергетско реновирање на зградите и план за подобрување на безбедноста на патиштата.

– Ова е прва исплата, следуваат другите. Честитки и продолжете така, истакна претседателката на ЕК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот