1 C
Скопје

Хрватска ќе го воведе еврото до 2023 година

Средниот курс на хрватската куна е утврден на 7,53450 куни за едно евро.

Република Хрватска влезе во европскиот куресен механизам (ЕРМ II), што е клучен чекор во процесот на воведување евро во Хрватска, а Хрватската народна банка воспостави блиска соработка со Европската централна банка, објави ЕЦБ и Европската комисија.

„На барање на Република Хрватска, министрите за финасии на државите од еврозоната, претседателката на Европската централна банка и министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Данска и Хрватска, следствено на постапката во која учестуваше Европската комисија и по консултации со Економскиот и финансиски одбор (ЕФЦ), донесена е заедничка одлука за вклучување на хрватската куна во механизмот на ЕРМ II“, се наведува во соопштението.

Средниот курс на хрватската куна е утврден на 7,53450 куни за едно евро.

Прочитајте и...  Маричиќ: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за бојкот на пописот, може да доведе до помалку попишани Македонци

Хрватската куна ќе учествува во механизмот на ЕРМ II во стандарен опсег на флуктуација плус/минус 15 отсто околу средниот курс. Задолжителните интервенциски курсеви ќе бидат објавени во понеделник, на 13 јули во време на отворањето на девизните пазар

Договорот за учество на куната во ЕРМ II се темели, меѓу другото и на обврската Хрватска истовремено да се вклучи во банкарската унија.

Инаку, државата членка која сака да го воведе еврото мора најмалку две години да помине во механизмот ЕРМ II пред да ја воведе заедничката европска валута, што значи дека Хрватска може да смета на влегување во еврозоната најрано во 2023 година.

 

Поврзани вести

Армин Лашет е наследник на Меркел во ЦДУ

Слободен печат

Затворен објект во Куманово заради непочитување на работното време

Слободен печат

Маричиќ: Коруптивното однесување е најчесто организирано

Слободен печат

Рускоска: Судски курир не доставил 1.500 платни налози, потребно е пошироко прочистување на судството

Слободен печат

Сара Полсон ѝ го честиташе 78-от роденден на својата партнерка: Ти си ми сè

Слободен Печат

Циркус пред Австралија Опен: Тенисерите ни криви ни должи заглавени во собите 14 дена?

Слободен печат

Остави Коментар