Хрватска ќе донира вакцини за БиХ

Вакцина/ Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман после денешниот состанок со Бисера Турковиќ изјавил дека Хрватска одлучила да донира вакцини за Босна и Херцеговина.

-Сите имаме потреба и треба да се вакцинираме, исто така и Хрватска, но ние сакаме да покажеме солидарност бидејќи знаеме дека и на вас ви се потребни така што наскоро ќе доставиме вакцини, рекол Грлиќ Радман.

Тој истакнал дека е потребно да се утврдат деталите за донацијата и дека набргу ќе се знае количината на вакцини кои ќе бидат донирани и кога ќе пристигнат во БиХ, пишува Кликс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот