Хрватска ја регистрираше првата жртва од коронавирусот

Фото: Профимедиа

Стигнаа резултатите од човекот кој почина во Истра, тој е позитивен на коронавирус, потврдија надлежните за хрватската национална телевизија, а пренесе порталот „Индекс“.

Станува збор за Антон Кренјус, кој е познат сопственик на ресторан во Хрватска.

Вчера властите во земјата истакнаа дека почина маж во поодминати години, но тогаш се чекаа резултатите за да се провери дали е позитивен на коронавирус, што сега е и се докажа.

– Во текот на денот дошло до појава на симптоми. Веднаш му е сугерирана хоспитализација, но тој одбил. Во текот на вечерва дојде до влошување на ситуацијата, и личноста почина – рекоа хрватските здравствени власти.

Со сите контакти и работници од Итната помош кои биле на терен вчера во старт се постапувало како личноста да починала од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот