Хрватска има само теоретски шанси за осминафинален „билет“ на Европското првенство

фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Фудбалската репрезентација на Хрватска ремизираше со Италија 1:1 во последното коло од групата Б на Европското првенство.

Така Хрватите со два освоени бода завршуваат на третото место во групата и само во теорија имаат надеж за пласман во осминафиналето.

Хрватска водеше од 55 минута со голот на Лука Модриќ, но во осмата минута од судиското надополнување, односно во последниот напад на натпреварот, Матија Ѕакањи ги шокираше избраниците на Златко Далиќ и погоди за Италија да се пласира во следната фаза.

Хрватска може да помине само како една од четирите најдобри третопласирани селекции, но за тоа треба да се поклопат неколку резултати од останатите групи.

Во вторник Англија мора да ја победи Словенија со најмалку три гола разлика, а Данска триумфира над Србија. Потоа, во среда, Турција треба да ја победи Чешка, а Португалија биде подобра од Грузија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот