Хрватска и натаму бележи високи бројки од ковид-19: Инфицирани нови 1.973 лица, починаа 45 за 24 часа

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 1.973 нови случаи на ковид-19 додека починаа 45 лица, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Како активни случаи во земјата се водат 19.275 лица, вклучувајќи и 2.060 пациенти на болничко лекување од кои 235 се приклучени на респиратор.

Во изминатото деноноќие, според Националниот штаб за цивилна заштита, оздравеле 2.638 пациенти, тестирани биле 6.139 граѓани, а мерката самоизолација е одредена 40.083 лица.

Од почетокот на пандемијата, во Хрватска се инфицирале 105.691 лице од кои 85.018 се опоравиле додека починале 1.398. Здравствените власти во земјата досега направија 683.104 тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот