Хрватска: Ѓуро ги удри по џеб вработените кои се во самоизолација, еве како го објасни тоа

Земјите од регионот бележат голем раст на бројот на заразени од коронавирус, а властите се наоѓаат пред одлука дали да ја затвораат економијата. Имено, се покажа дека апелите до граѓаните да се однесуваат одговорно не помогнале во сузбивање на ширењето на епидемијата. зошто донесените мерки често не се почитуваат, а мерките за принуда не се ниту популарни ниту лесни за спроведување.

Меѓутоа, постојат и оние со поинаков пристап кон тој проблем. Ѓуро Хорват е сопственик на хрватската комапнија Техникс кој на сите свои вработени им упатил допис дека ќе ги казнува доколку завршат во самоизолација, пишува Јутарњи лист.

„Почитувани работници! Со оглед на тоа дека секој ден ситуацијата со ковид-19 е се полоша, ве известувам дека компанијата Техникс ќе воведе сопствени капацитети за престој во самоизолација, така што сите оние кои со своето невнимание ќе се доведат во таква состојба ќе бидат изолирани во хотелот Краљ. Лицето кое ќе биде во самоизолација ќе биде дестимулирано во износ од 10 отсто од плата. Мораме да биде свесни со своето однесување надвор од фирмата да не ги загрозувате само себеси и домашните, туку и колегите на работа и со тоа се доведува во опасност стабилноста на компанијата Техникс и задржувањето на работните места“, стои во дописот кој на крајот е потпишан од директорот Ѓуро Хорват.

Овој успешен претприемач своите ставови ги бранеше и во интервју на ХРТ.

„Донесовме мерка за дестимулирање на луѓето кои се во таков однос кон сопственото здравје и кон компанијата зошто 20 луѓе ни недостасуваат. Истовремено, тие пари ги насочуваме на оние вработени и менаџери кои се здрави и кои одговорно се однесуваат, сакаме микроорганизација на свеста на сопствена одговорност. Сите мораме да се вклучиме, секоја локална заедница, компанија“, рече Хорват.

Се потврди и дека неговата компанија навистина ги казнила со 10 отсто од плата оние кои завршиле во самоизолација.

„Неодамна им скинавме од плата. Сметаме дека тоа е плод на несериозност, неодговорно однесување. Ако човек оди од работно место кон дома, ако оди од кафуле до кафуле, ако сам го причинува тој дел од нездравиот живот, тогаш мора и самиот да си сноси еден дел од одговорноста“, рече Хорват.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот