Хрватска го продолжува училишниот одмор за време на празниците за уште седум дена

Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Како дел од построгите епидемиолошки мерки, кои во Хрватска ќе стапат во полноќ, училишниот одмор е продолжен за седум дена.

Училишните одмори за време на Божиќните и Новогодишните празници вообичаено траат од 24 декември до 8 јануари следната година.

Како што потврдило Министерството за образование за хрватскиот портал Индекс, годинава празникот ќе биде продолжен за една недела и учениците ќе се вратат на училиште на 18 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот