Хрватска ги олабави мерките, ќе ги отворат ли наскоро трговските центри?

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Епидемиолозите сметаа дека тие сепак се многу ризични.

Во Хрватска се забави порастот на новозаболени. Дел од заразените веќе оздравуваат и има помалку нови, што е предуслов оваа земја да почне да ги ублажува рестриктивните карантински мерки. Планирано е продавниците да се отворат според важноста за функционирањето на општеството, но не сите одеднаш.

Што се однесува до работното време, тоа ќе биде постепено продолжено, прво во малите продавници. Од другите услужни дејности, први ќе се отворат оние за кои не е потребен физички контакт и не се угостителски, под услов да можат да обезбедат физичко растојание помеѓу корисниците.

Она што посебно ги интересира хрватските граѓани е кога ќе се отворат трговските центри. Епидемиолозите сметаа дека тие сепак се многу ризични.

-Таму често има големи гужви, но тоа може да се реши со некои препорака за максимален број. Но не е само оддалеченоста меѓу луѓето фактор туку и бројот на луѓето во одредено подрачје. Повеќето препораки се начелни, не можеме да навлеземе во сите детали, изјави епидемиологот д-р Бернард Коиќ во гостувањето на ХТВ.

Во помалите трговски дуќани што ќе видат отворени препорака е да се работи во две смени и работниците што помалку да доаѓаат во контакт, за ако се инфицира дел од персоналот, другиот да остане неинфициран. Се воведува пауза меѓу смените кога објектот ќе се дезинфицира, како и на крајот на смената.

„Тоа е поради теоретската можност да се контаминира облеката. Тоа посебно важи за облеката која се облекува преку глава. Сметам дека вирусот не може долго да преживее во природа. Обувките не можат толку да се контаминираат, вели д-р Каиќ.

-Останува како главна препорака во затворени простории да се носи маска зошто таа сепак сречува исфрлање на капки за време на зборување. Каква и да е, спречува многу, рече Каиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот