Хрватска, Германија и Холандија нови патници на ЕП

Репрезентација на Хрватска со победата од 3:1 во Риека над Словачка си обезбеди пласман на ЕП. Победата вредна пласман на ЕП, Хрватите ја обезбедија во второто полувреме кога со головите на Влашиќ, Петковиќ и Перишиќ направија пресврт и дојдоа до триумф.

Селекциите на Германија и Холандија очекувано се патниците на ЕП од групата Ц.

Германците во Менхенгладбах со 4:0 ја совладаа Белорусија со головите на Гинтерт, Горецка и двата гола на Крос, додека Холандија одигра без голови во Белфаст кај Северна Ирска но и тоа беше доволно за пласман на ЕП и тоа на едно коло до крајот на квалификациите.

Резултати:

Група Ц
Северна Ирска – Холандија 0:0
Германија – Белорусија 4:0

Група Е
Азербејџан – Велс 0:2
Хрватска – Словачка 3:1

Група Г
Словенија – Летонија 1:0
Израел – Полска 1:2
Австрија – Македонија 2:1

Група И
Кипар – Шкотска 1:2
Сан Марино – Казахстан 1:3
Русија – Белгијса 1:4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот