Хрватска: Двајца работници завршија во болница, осум се под домашен надзор поради сомнежи за коронавирус

Во општата жупаниска болница во Винковци, Хрватска, наводно стигнале два пациенти за кои лекарите се сомневаат дека се заразени со коронавирус. Двајцата хоспитализирани се млади хрватски државјани (родени 1996 и 1997 година), кои се вратиле од работа во Кина, пренесува „Индекс“.

– Со оглед на препораката на Министерството за здравство и сите мерки кои ги преземаме во врска со коронавирусот, ние ги примивме во болница. Едниот пациент вчера имал покачена температура, вториот респираторни проблеми. Ги земавме сите примероци, и чекаме потврда за да констатираме дали се работи за коронавирус или не. Според клиничката слика, првенсвтвено би рекле дека не е. Тие се изолирани, преземени се сите мерки, нема сериозни закани за јавното здравје – рече на вонредната прес конференција директорот на болницата Крунослав Шпоричиќ.

Додаде дека тие немаат можност за тестирање и дека примероците се испратени во Клиниката за инфективни болести во Загреб, а резултатот се очекува утре.

Познато е дека 11-те работници во Хрватска се вратиле од Шангај, кадешто работеле за една хрватска градежна фирма.

Пациентот во Осиек нема коронавирус

Здравствените тестирања на 26-годишниот пациент од Ѓаково, кој е сместен во болницата во Осиек, покажуваат дека тој нема коронавирус.

– Болниот не кашла и е во добра општа состојба. Тој веројатно ќе биде под одреден здравствен надзор додека не се забележи развој на болеста – рече директорката на болницата во која беше сместен пациентот.

Пацентот на десетиот ден по враќањто од Кина имаше температура од 38 степени, и потоа е примен во болницата во Осиек и ставен е во карантин.

Сè уште не познато дали пациентот во Сплит има коронавирус

Здравствената состојба на мажот кој е примен во Клиничката болница во Сплит поради сомневање дека е заразен со коронавирус е стабилна, и сè уште се чека на конечниот лабораториски резултат.

Претставници на Клиничката болница соопштија дека брисевите се испратени во Загребската болница за инфективни болести „Фран Михаљевиќ”.

Според агенцијата Хина, пациентот имал лесна респираторна инфекција и ќе остане во изолација.

Дал, атински портал вчера јави дека пациентот неодамна престојувал во Кина и затоа е превентивно изолиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот