Хрватска: 890 новозаболени од ковид-19, починати 8 лица

хрватска корона болница
Хрватска корона болница / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во последните 24 часа забележани се 890 нови случаи на зараза со САРС-КоВ-2 и бројот на активни случаи во Хрватска денеска се вкупно 5.519.

Меѓу нив 547 пациенти се на болничко лекување, а од нив 32 пациенти се на респиратор.

Починаа 8 лица.

Од 25. февруари годинава, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, до денеска вкупно се забележани 26.863 заразени лица со новиот коронавирус, од кои 382 починале. Вкупно се оправија 20.962 лица од кои 433 во последните 24 часа.

Во самоизолација моментално се 22372 лица.

До денес вкупно се тестирани 406.519 лица, од кои 5.883 во последните 24 часа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот