Хрватска: 234 новозаболени од коронавирус, четворица починати

Фото: Профимедиа

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 234 нови случаи на зараза од коронавирус и бројот на активни случаи во земјата сега е вкупно 1.25, објави Националниот кризен штаб.

Меѓу нив се 297 пациенти на болничко лекување, од кои на респиратори се 26 пациенти.

Починале четири лица.

Од 25 февруари годинава кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, до денес, вкупно се регистрирани 16.827 лица заразени од новиот коронавирус, од кои 284 починале, се опоравиле 15.218 од кои само 161 во последните 24 часа.

Во самоизолација моментално се 7.903 лица.

До денеска во Хрватска се тестирани 312.406 лица, од кои 5.322 во последните 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот