Хрватот Турчин потпиша за Силекс

Фото: ФК Силекс

Хрватскиот интернационалец Томислав Турчин е најновото засилување за кратовски силекц.

Поранешниот младински репрезентативец на Хрватска во Силекс пристигнува на два дена пред тимот да отпатува на подготовките во Анталија.

Во прашање е крилен напаѓач, позиција со која Силекс имаше проблем во првиот дел од сезоната и беше една од главните цели да се пополни за пролетниот дел.

Претходно во кариерата Турчин настапуваше за Ријека, Рудеш, Вараждин, Широки Бријег, Алуминија и вториот тим на Динамо Загреб. Треба да се споменат и пет настапи за репрезентацијата на Хрватска до 19 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот