ХРВАТКАТА ВО СИРИЈА ВЕЌЕ НЕ СЕ ВИКА ДОРА БИЛИЌ: Не сака да се врати, а не се дружи со жените од Балканот

Минатата недела, министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Драган Мектиќ изнел податок дека во мигрантските кампови во Сирија моментално се наоѓаат 260 државјани на БиХ, од кои стотина биле мажи. Мектиќ рекол дека ќе дозволи враќање во земјата на сите свои државјани, но и дека сите кои извршиле дела поврзани со тероризам ќе бидат под истрага.

Хрватска би можела да биде заинтересирана за судбината на фамилијата на загинатиот Сенад Авдиќ Чаџе, кој во 2012 година се оженил со Дора Билиќ од Хрватска, па подоцна со неа преку Турција стигнал во Рака во Сирија. По падот Рака, тие се селат во новата престолнина на ИД, Ал-Мајадин. Кога Авдиќ загинал во борбите во Ирак, Дора останува сама заедно со ќерката која денеска би требала да има помеѓу шест и седум години. Не се знае дали Дора и нејзината ќерка се на пописот на Мектиќ, но познато е дека тие престојуваат во кампот Ал Хол, заедно со уште неколку десетици илјади жени, деца и поранешни војници на ИД.

„Кога се работи за неа, не знам точно која е нејзината цел, но по се што гледам мислам дека не сака да си оди од тука. Таа сака нова исламска држава и е решена да ја дочека. По професија е физиотерапевт, па жените често ја викаат за масажа. Инаку, во последните неколку месеци многу помалку време поминува со жените од Балканот. Си го промени името и не сака да се врати во Хрватска“, гласела пораката која Слободна Далмација ја добила од посредник на жена од Ал Хол која се нашла во слична ситуација.

За нејзиниот статус, хрватските власти минатите месеци не сакале да се огласат. Формално таа веројатно е сеуште државјанка на Хрватска, бидејќи ИД никогаш не беше признаена како држава, додека државјанство на БиХ тешко дека би можела да побара покрај воениот пекол во Сирија.

Кога станува збор за детето, веројатно нема никаков пасош, како и илјадници други деца родени во конфликтот. Во такви случаи, според тоа што го изнел Мектиќ, утврдена е процедура која ќе претстои на депортацијата и ќе мора точно да се утврди кои се биолошките родители и дали имаат децата право на државјанство на БиХ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот