Хрватката Шуица од ЕПП ќе го замени Јоханес Хан во ЕК ?

Европарламентарката од Хрватска Дубравка Шуица од редовите на ЕПП најверојатно ќе биде предложена за комесар за проширување во Комисијата предводена од Урсула фон дер Лајен, објави Јуропиан вестерн Балкан, повикувајќи се на неколку извори од Брисел.

Шуица од хрватската Влада во август беше номинирана за еден 27 еврокомесари, а Фон Дер Лајен се очекува во вторник да ги соопшти имињата на номинираните. Доколку бидат одобрени од Европскиот Парламент новите еврокомесари својот мандат ќе го започнат на 1 ноември.

Инаку Шуица е член на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) од 1990 година, а од 2001 до 2009 година беше градоначалник на Дубровник.  Таа е член на Европарламентот од 2013 година, а во 2019 е избрана за потпретседател на Европската народна партија (ЕПП).

Таа се залага за зачленувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а на тој пат посебно ја поддржува Босна и Херцеговина. Сепак, во неколку наврати рече дека е нереално да се очекува Србија да стане членка на ЕУ до 2025 година.

Во текот на летото, европските медиуми информираа дека и Словенија и Унгарија се заинтересирани за ресорот проширување и соседска политика, кој досега го имаше Јоханес Хан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот