Хрватка е НАЈСЕКСИ крадливка во светот – За една ноќ ПРОВАЛИЛА во четири локали (ФОТО)
Австралиската крадливка со хрватски корени Моник Агостино им падна во око на домашните власти, но и на светските медиуми.
Агостино (23) е атрактивна плавуша обвинета за неколку кражби, а за само една ноќ на почетокот на ноември минатата година таа провалила во дури четири локали.
Тогаш ја запрела сиднејската полиција која во нејзиниот „мицубиши“ пронашла длето, како и три мобилни телефони од кои на едниот пишувало „Сопствеништво на компанијата Линфокс“, пренесува „9Њуз“.
Publiée par Missy Agostino sur Mercredi 2 mai 2018
Моник Агостино е активна на друштвените мрежи, а на Инстаграм ја следат осум илјади корисници. Во опис на профилот се претставува како „горда мајка“, „Хрватка/Австралијанка“, како и „ловец на таленти“.
Со толку „титули“ не им избега на светските медиуми, па за нејзе пишуваа и „Дејли Мејл“ и „Ози Селебс“.
На суд ќе се брани самата, а австралиските медиуми пишуваат дека е одбиено барањето за кауција. Иако е обвинета за низа кражби во северен Сиднеј, Моник изјавила дека не се чувствува виновна.