Хрватите собраа 600.000 потписи за референдум за пензиите – Слободен печат
ВестиРегион

Хрватите собраа 600.000 потписи за референдум за пензиите

Тоа на прес-конференција го соопшти Мирела Бојиќ, национална координаторка на Иницијативата „67 е премногу“.

Oрганизаторите на синдикалната иницијатива „67 е премногу“ во Хрватска синоќа на полноќ објавија дека собрале повеќе од 600.000 потписи за распишување референдум, со цел да се спречи зголемувањето на старосната граница за заминување во целосна пензија на 67 години.

Тоа на прес-конференција го соопшти Мирела Бојиќ, национална координаторка на Иницијативата „67 е премногу“.

– Им благодариме на сите граѓани кои го дадоа својот потпис за оваа иницијатива. Им благодариме на младите, пензионерите… луѓето ги бараа нашите штандови, преминуваа од еден во друг дел на градот за да го дадат својот потпис. И младите и старите и оние во средни години сфатиле колку е ова важно за сите нас, за цела наша држава и иднината на сите нас, истакна Бојиќ.

Синдикалната иницијатива „67 е премногу“ на 27 април на полноќ во центарот на Загреб почна со собирање потписза распишување референдум заизмена на Законот за пензиско осигурување, со цел да се спречи зголемување на границата за заминување во пензија на 67 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close