Хрватите се изборија за порано пензионирање

Референдумската иницијатива „67 е премногу“ која се одржа во Хрватска собра над 700 илјади потписи, што значи дека државата ја враќа возраста за одење во старосна пензија од 67 на 65 години.

Според измените на Законот кои ги усвои хрватскиот Сабор, освен тоа што границата за старосна пензија се враќа на 65 години, се намалуваат и пеналите за порано пензионирање.

Според министерот за труд и пензиски систем Јосип Аладровиќ, во целина се земени предлозите на „67 е премногу“, уважувајќи го фактот дека неспорно се собрани доволен број веродостојни потписи.

– Владата не се откажува од поттикнување на подолго останување во светот на трудот и подоцнежно остварување пензија. Секако, за оние кои можат и сакаат да работат и по 65-годишна возраст, односно до 68 години, заедно со измените на Законот за пензиско осигурување, се предлага и измена на работноправните прописи во таа смисла, изјавува тој за хрватските медиуми. Наспроти тоа, почитувајќи ја волјата на над 700 илјади граѓани, ќе ги прифатиме предлозите изразени низ иницијативата за враќање на старосната граница за пензионирање на 65 години и на предвремено пензионирање на 60 години,

Со измените на законите се предвидува пропишаната старосна граница за престанок на договорот за работа од 65 да се покачи на 68 години, во старосна пензија наместо со 67 години живот и 15 години стаж да се оди со 65 години живот и 15 години стаж, а право на предвремено пензионирање со 35 години стаж наместо на 62, да се остварува на 60 години. Пенализацијата од 0,3 се намалува на 0,2 процента за секој месец порано заминување во пензија. На лицата со стаж од 41 година, пак, им се дозволува добивање старосна пензија на 60, наместо на 61-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот