Хрватите разочарани од Червар: Срамота е тоа што го направи

epa08960864 Croatia's head coach Lino Cervar reacts during the Main Round match between Argentina and Croatia at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 23 January 2021. EPA-EFE/Anne-Christine Poujoulat / POOL

Селекцијата на Хрватска вчера доживеа изненадувачки пораз од Аргентина од 23:19, но уште поголем шок предизвика одлуката на селекторот на „коцкестите“ Лино Червар, да си поднесе оставка и да се повлече по завршување на Мундијалот.

Овој потег на Червар наиде на осуда кај поранешните хрватски ркаометари кои сметаат дека вакво нешто не може да се случува кај поранешен светски и олимписки шампион.

– Тајмингот со оставката на Червар е тотално промашување. Презема одговорност и мислам дека од тренерски аспект тоа е нормално. Но, да се поднесе оставка во моменти кога се уште сме живи и иако не зависиме од самите себе – можеме да одиме понатаму. Што ако дојдеме до полуфинале, финале? Мислам дека Лино последниот што треба да го напушти бродот кој сè уште не е потонат, а не првиот. Знам дека е „жежок“ но мораше да биде попаметен – изјави поранешниот капитен на Хрватска, Петар Метличиќ.

– Лино е нашиот најголем тренер, но сега направи голема грешка бидејќи досега не сум видел тренер да даде оставка иако првенството сè уште се игра. Не е тоа што го очекувавме, но се уште не сме испаднати – смета Горан Шпрем.

Разочаран од потегот на Червар е и легендарниот крилен играч, Мирза Џомба.
– Натпреварот почна, а играчите се однесуваа како да се на загревање, немаше игра, кој стигнеше си земаше шут. Како да беше некоја ревијална средба, а не битка за четвртфинале на СП. Освен Пешиќ и Чупиќ, останатите не одиграа ништо, а со двајца ракометари не можеш да ја победиш Аргентина. И потоа… шокот со оставката на Червар. Тоа не се прави така, беше баш грдо. Оставивме лош печат, испаднавме тотални аматери, си го уништивме реномето што го градевме со години – рече Џомба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот