Хрватите протестираа против 5Г мрежа

Фото: МИА

Демонстрантите во Ријека носеа транспаренти на кои пишуваше „Ние не сме експериментални зајаци”, „За здравје, а не за профит” и носеа жолти балони со шкртнат знак 5Г.

Протести против воведување на 5G технологија се одржаа денеска во хрватските градови Загреб, Карловац и Риека.

Во Загреб собирот се одржа на плоштадот „Бан Јелачиќ” наречен „Стоп 5Г Хрватска”, и на него учествуваа собра десетици луѓе, меѓу кои и политичари од опозицискиот „Жив ѕид”, јави порталот Индекс.

Учесниците носеа транспаренти на кои пишуваше: „На ароганцијата не е место во владата”, „Непроверено, несигурно, непотребно” и „Ние не го даваме нашето здравје за концесија”, а на собирот можеше да се чуе дека на некои места во Загреб е инсталирана 4Г и 5Г инфраструктура, што е спротивно на регулативата и дека нивото на зрачење е далеку повисоко отколку во ЕУ.

Демонстрантите во Ријека носеа транспаренти на кои пишуваше „Ние не сме експериментални зајаци”, „За здравје, а не за профит” и носеа жолти балони со шкртнат знак 5Г.

Протест се одржа и во Карловац, во организација на иницијативата на граѓаните „Стоп 5Г”, јавува порталот Ријечанин.ртл.

Инаку, на 25 јануари се одржуваат протести низ целиот свет против 5G технологиите, на кои граѓаните бараат да се стопираат нивното воведување сè додека не бидат истражени долгорочни биолошки ефекти и штетните ефекти врз здравјето на луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот