Хрватите одлучија, први на терените се враќаат Риека и Велковски!

фото: твитер

Предложените датуми се очекува да бидат потврдени од Центарот за цивилна заштита, во согласност со епидемиолошката состојба во земјата.

Денеска и официјално потврдија од страна на хрватската фудбалска федерација дека кон крајот на мај ќе продолжи натпреварувачката сезона 2019/2020.

Како што е најавено фудбалската сезона во Хрватска ќе продолжи со натпреварите од полуфиналето во Купот на 30 и 31 мај, а една недела подоцна, на 6 јуни ќе продолжат и возбудувањата во првенството.

Тоа значи дека прва на терените ќе излезе екипата на Риека во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, која за противник во полуфиналето го има Осиек чиј член е нашиот интернационалец Тодор Тодороски.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Славен Белупо и Локомотива. Куп финалето ќе се одигра на 1 август.

Предложените датуми се очекува да бидат потврдени од Центарот за цивилна заштита, во согласност со епидемиолошката состојба во земјата.

Сите мечеви од оваа сезона ќе бидат одиграни без присуство на гледачи, односно пред празни трибини.

Втората и третата лига, и пониските лиги нема да продолжат со натпреварувањата во сезоната 2019/2020, а нема да продолжат ниту натпреварувањата во сите помлади возрасни категории.

Тамошната федерација во согласност со надлежните, ќе ги информира клубовите за потребните упатства, со цел максимално да се заштити здравјето на играчите и сите вклучени во хрватскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот