Хрватите не можат да се изначудат, Вардар повторно ќе има тим за титула

Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Ракометарите на Вардар и по еден месец од освојување на втората европска титула, сè уште се во фокусот на медиумите ширум Европа. Овој пат „црвено-црните“ се на „менито“ на хрватските медиуми, поточно „Индекс“ кој направи анализа на случувањата во Вардар.

Тие не можат да се изначудат, како од тим кој со месеци на ракометарите не им исплаќаше плати, успеаја да ја освојат титулата и наместо да се распаднат, Вардар и во следната сезона ќе има тим со кој ќе биде еен од главните фаворити за триумф во Лигата на шампионите.

„ Иако си заминаа клучни играчи како Карачиќ, Мораеш и голманот Милосављев, во Скопје и понатаму ќе има респектабилен тим. Во Вардар останаа Чупиќ, Шишкарев, Дибиров, Стоилов, Скубе, Горбок, Дисингер, а стигнаа и Павел Атман, голманот Артурс, пивотот Горпишин, крилото Димитриоски, а последно засилување е одличниот Бразилец, Толедо. Вардар повторно има моќен тим, дури можеби доволно силен и за напад на уште една титула. Кога тие се во прашање, се е можно“, пишува „Индекс“ во својата анализа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот